Откако победија на Евросонг, италијанската група „Манескин“ стана вистинска светска сензација. Особен интерес кај женската публика предизвика фронтменот на групата, Дамиано Давид.
Овој 22-годишен Италијанец на Инстаграм го следат речиси два милиони луѓе, а иако пред светот се претстави како разуздан рокер со нашминкани очи, лакирани нокти и оскудна облека, на приватните фотографии тој изгледа сосема различно.
На некои од фотографиите Дамиано покажа како изгледа без шминка. На жалост на бројни обожаватели, Дамиано веќе четири години е во врска со инфлуенсерката Џиарџо Солери, а некои италијански медиуми пишуваат дека се и верени.