Актерката била дисциплинирана и успеала да го „стопи“ вишокот килограми кој ѝ пречел.
Актерката Ева Лонгорија неодамна одлучила да направи голем чекор во секојдневната рутина, па одлучила со помош на диета и тренинг да ослабне над 20 килограми. Таа се фокусирала на одредени спортови и вежбање со тегови.
Ева по породувањето се здебелила над 20 килограми, па одлучила сето тоа да го доведе во некаков ред.
Таа одлучила да премине на здрав начин на живот и за кратко време во својот живот вовела здрава исхрана, како и мени на кое најмногу доминира зеленчукот. Се трудела да јаде органска храна, а најчесто консумирала спанаќ, кељ и слично.
Само еден ден во неделата убавата актерка можела да си дозволи да јаде сладолед и да јаде пица или пак чипс, но како што и самата истакнува не сака да јаде слатки работи, па исфрлањето од исхраната на истите не ѝ претставувало речиси никаков проблем.
Таа за појадок најчесто јадела кајгана од белки и свежо овошје. За ручек јадела мисиркино или пилешко месо со варен зеленчук. Како ужина јадела свежи краставици зачинети со сок од лимон, јаболко со сирење или путер од кикиритки, а сакала да пие и јогурт. За вечера главно бирала риба и зеленчук на пареа, а преферирала лосос, пренесува „Elle“.
Актерката нагласила и дека многу тренира и дека неопходно е да вежбате барем три пати неделно иако најдобро би било да се тренира пет пати во текот на една седмица.
Таа секојдневно трчала, возела велосипед, вежбала пилатес, јога и кардио вежби.
Актерката обожува и „circus training“ кој бара да скокате на минитрамболина која на телото му ја враќа флексибилноста.