Меган Фокс ја обои косата руса и ја воодушеви јавноста со својата смела промена. Многумина коментираа дека изгледа многу помладо.
Познатата актерка Меган Фокс на својот Инстаграм сподели фотографија на која се гледа драстична промена во нејзиниот изглед, која предизвика многу коментари.
Инаку, Меган е позната по долгата црна коса која реши да ја обои во русокоса. Фотографијата има речиси 2 милиони лајкови, додека многу следбеници се согласија дека актерката потсетува на Ким Кардашиан, која исто така премина во русокоса.