Прилично бизарно, но вистинито – задникот на Ким Кардашијан некако успеал да биде една од најпрепознатливите работи на светот, еднакво позната како и нејзиниот сопственик.
Но, без оглед на тоа, реалити ѕвездата одново наоѓа начини да се претстави во нов стил пред светот.
Овојпат Ким позирала за насловната страница на магазинот „Interview Magazine“, а темата на истата била американска насловна од соништата што е целосно јасно уште на прв поглед.
Популарната 41-годишна дама се фотографирала пред американското знаме, а изгледала типично американски – носела тексас од глава до пети и акцент ставила на бојата на својата коса.