Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ годинава го имаше веројатно најуспешниот период во тениската кариера. Тој го освои Ролан Гарос, неговиот 23. Грен слем во кариерата, што го прави најдобар досега во таа категорија. По Париз следи и заслужен одмор, од каде се огласи на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ со семејството заминале во Португалија, поточно на островот Сан Мигел, кој припаѓа на Азорските острови, познати и како „рајот во срцето на Атлантикот“.
Оттаму тој ѝ го честиташе 37-от роденден на неговата сопруга Јелена со две фотографии на кои изгледаат како тинејџери кои штотуку се заљубиле.