Нина Бадриќ се пофалила дека ослабела 20 килограми, бидејќи исфрлила само една намирница од својата храна, а тоа е месото.
Пејачката била голем гурман и обожавала да јаде специјалитети од говедско месо, свинско месо и пилешко, но кога сфатила дека не може да го намали вишокот на килограми, се одлучила на драстична промена.
Нина има 83 килограми, а сега успеала да ослабе 20 килограми, па сега има 63 килограми и тоа благодарни на тоа што повеќе не јаде месо.
„Престанав да јадам месо и се случија промени во мојот организам. Конечно сум задоволна со килограмите, но и многу подобро се чуствувам. Порано кога ќе изедев парче месо, одев веднаш да поспијам два часа, бидејќи бев изморена. Сега е скроз поинаку. Дури и масерката ми кажа дека сега ми е подобар тонусот на кожа. Баш сум задоволна“ – рекла Бадриќ.