(ФОТО) Ники Минаж целосно гола, фановите наместо во телото гледаат во нејзините нозе

Американската раперка Ники Минаж објави фотографии на социјалната мрежа Инстаграм на кои е целосно гола.

Имено, Ники позираше седната на масата, а своите облини ги покри со розови перници во форма на срце.

Бидејќи ја изостави облеката, своето тело го украси со разни нараквици, обетки и ѓердани, а најголемо внимание привлекоа розовите влечки што ги носи на нозе.

Дека влечките ги воодушевиле нејзините придружници, докажува и фактот дека благодарение на нејзината објава, продажбата на розови влечки скокнала во Америка.

Секако, Ники не носеше обични влечки, туку оние со потпис „Шанел“.

За само еден ден, таа собра повеќе од четири милиони лајкови на новата објава, но тоа не е чудно со оглед на тоа што Ники веќе четири месеци нема објавено ниту една фотографија на својот профил на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e