Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ги воодушеви своите следбеници со неверојатна промена на имиџот.
Имено, Ражнатовиќ е позната по тоа што често експериментира со својот изглед и со задоволство ги информира своите следбеници за тоа, па овој пат сподели нова промена на Инстаграм.
Својата препознатлива долга коса Анастасија ја замени со кратка фризура и тоа во црна боја, која како што многумина велат, одлично и стои.
Таа исто така облече црно-бела маица која ги истакна нејзините адути, а сето тоа го комплетираше со наочари кои даваа позитивни вибрации од 90-тите.