(ФОТО) Немирната секси, зајачица испраќа топли поздрави од бањата

Поп-sвездата Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави неколку провокативни фотографии, кои и овој пат ги оставија нејзините следбеници без здив.

Карлеуша сега позираше како немирно зајаче додека позираше во својата бања и испраќаше топли поздрави.

Имено, Карлеуша и овој пат носеше „силна“ и провокативна комбинација, со која успеа да го изрази својот темперамент, но и, како што рече во повеќе наврати, ликот на „вистинска лавица“.

Познато е дека Јелена е една од ретките пејачки од јавната сцена која се осмелува да претстави ваква предизвикувачка комбинација.

Таа позираше во црни гаќички на кои имаше тул, а во прв план излегоа извајаните долги нозе, но и стомакот кој ја доведе Карлеуша до совршенство.

Она што сепак ги привлече сите, беше деталот што го имаше на главата, а овој пат тоа беше црна маска од латекс со уши на секси зајачица.

Ова празнично издание на поп-sвездата не остави никого рамнодушен, а исто и нејзините следбеници, а лајковите само доаѓаа.

„И овој пат објасни“, „Може да се занимаваш и со костимографија“, „Јелена, објасни и овој пат“ – се само некои од коментарите под објавите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e