(ФОТО) Нејмар ќе стане татко по втор пат

Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда на денешницата, Нејмар, на Instagram откри дека неговата девојка Бруна Бјанкарди (28) е бремена.

31-годишниот напаѓач на ПСЖ и Бруна објавија фотографии на кои позираат истакнувајќи го стомакот на идната мајка.

„Ние го сонуваме твојот живот, го планираме твоето доаѓање и сознанието дека си тука за да ја потполниш нашата љубов, ни ги прави деновите многу посреќни. Доаѓаш во прекрасно семејство, со сестра ми, дедо, баба, чичковци и тетки кои многу те сакаат! Дојди наскоро, дете, со нетрпение очекуваме да те видиме!“ стои во нивната објава со цитат од Библијата.

Нејмар го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со Каролина Дантас.

Тој започна врска со инфлуенсерката Бруна пред две години, а јавно објави дека се заедно во јануари 2022 година. Во август минатата година раскинаа, но набрзо се смирија и сега очекуваат дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e