Битолското девојче, убавата Каролина Гочева покрај тоа што има прекрасен глас, изгледа како познатите светски манекенки.
И покрај тоа што веќе со децении е присутна на сцената, нејзиното тело се уште е згодно и затегнато како и во најдобрите денови.
Шармантната Каролина редовно знае да ги остави своите верни фанови на социјалните мрежи вез здив кога ќе објави фотографии на кои во центарот на вниманието е нејзиниот атрактивен изглед, додека претставничките на понежниот пол секогаш ги радува со своите модни стајлинзи.
Многумина сметаат дека Каролина е една од најубавите пејачки кај нас, но и една од ретките на целиот Балкан која досега нема направена ниту една естетска корекција, како на лицето, така и на телото, а изгледа неверојатно и посакувано.