(ФОТО) Македонската Анџелина Џоли во секси летно издание

Поранешната македонска манекенка Александра Накова ужива во убавото сончево време на својот годишен одмор.

Таа речиси цело лето помина на егзотични дестинации, а овој пат покрај сонцето и морето ги изненади сите и со своето летно издание.

Манекенката позираше во тесен црн фустан, со длабок шлиц до колковите, со кој максимално го истакна своето тело.

Накова е во топ форма, па во последно време постојано ги изненадува своите следбеници со секоја фотка што ќе ја објави.

Но овој пат во главна улога е тесниот црн фустан, во кој Накова, со длабокиот шлиц и отворените делови, изгледаше како морска принцеза.

Тесниот горен дел го истана нејзиното раскошно деколте, додека на нозете имаше елегантни црни сандали со златно синџирче.

Длабокиот шлиц ја истакна и нејзината голема тетоважа на бутот, па манекенката буквално блескаше во ова свое издание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e