Српската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ без преседан е кралица на балканските простори, во секоја смисла на зборот. И според изгледот и според гласот и севкупната харизматична појава Цеца е една и единствена – идол и пример за многу жени. И покрај тоа што животот и судбината не секогаш биле благонаклонети кон неа во однос на приватниот живот, таа секогаш на себе го носи најубавиот украс – насмевката.
Нејзината ќерка Анастасија која од неодамна започна да гради музичка кариера е млада и сеушне не обременета од товарот на судбината, но на фотографиите кои излегуваат во јавноста таа е речиси секогаш сериозна.
Погледнете и уверете се и самите!
View this post on InstagramLepotica moja💝💝💝💝💝 @raznatovicanastasija
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on