(ФОТО) Луна Џогани влегува во „Задруга“ – Еве каква забава приреди по тој повод

Најстарата ќерка на поп-пејачката Анабела Атијас, блогерката Луна Џогани (22) повторно ќе учествува во реалното шоу „Задруга 2“, кое наскоро ќе почне да се емитува на ТВ Пинк.

Оваа вест ги шокира љубителите на популарното реално шоу, бидејќи иако од првата сезона излезе како второпласирана, Луна сепак стана една од најомразените личности на Балканот поради љубовната врска со женетиот пејач Слоба Радановиќ.

Дали со враќањето сака да си го „обели образот“, ќе дознаеме наскоро. Како и да е, Луна организира и проштална забава пред влегувањето во куќата во која ќе живее следните девет месеци пред будното око на јавноста. Забавата се одржа во станот во кој живее со мајка си Анабела, сестрите Нина и Бланкица и со очувот Андреј Атијас, вториот сопруг на нејзината мајка. На забавата присуствуваше и популарниот Гастоз, двократен победник на реалното шоу „Парови“, со кого младата Ѓогани доста се дружеше додека беше на „слобода“.

Luna-1 Luna-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e