Адријана Лима покажа како течат подготовките за новата кампања на „Victoria’s Secret“, модната куќа со која соработуваше со години и на која неодамна повторно ѝ се придружи.
Славната Бразилка најави дека денеска ќе започне да се прикажува кампањата за парфемот „Heavenly Fragrance“ на споменатиот бренд.
Таа со својата долга раскошна коса и нежната шминка предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Ѝ порачуваат дека е најубавата жена на светот, а помеѓу оние кои ѝ доделиле комплименти е и манекенката Џиџи Хадид.