Вистинска модна магија донесе Лила на сцената на Макфест, во смарагдно зелен раскош зад кој се потпишува етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.
Гламур каков што Макфест со неговото речиси четиридецениско реноме заслужува, еднаков на оној од светската модна сцена.
Лила се појави како еден од презентерите-гости на фестивалот и прикажа како изгледа еден комплетно осмислен сценски изглед, концепт по кој партнерството ЕЛЕНА ЛУКА-Лила стана препознатливо, а се должи на сериозна професионалност на која ние многупати сме посведочиле.
„Вака изгледам благодарение на ЕЛЕНА ЛУКА и нашето долгогодишно пријателство”, одговори Лила на комплиментите.