(ФОТО) Лила ужива во Будва – нејзиниот фустан доби низа пофалби

Водителката Лила Филиповска плени со својата убавина и каде и да се појави секогаш е во центарот на вниманието.

Впрочем тоа беше така и овој пат кога со фотографиите од прекрасната Будва никого не остави рамнодушен.

Имено, нашата најпозната и најомилена водителка им покажа на пријателите и фановите како ужива во прошетката низ стариот дел на овој преубав град.

„Историja и многу легенди вткаени во овие симпатични сокачиња и ѕидини во стариот град на Будва“, напиша Лила под фотографиите со кои предизвика бројни позитивни коментари, од кои многу беа на сметка на нејзиниот фантастичен изглед.

„Преубава жена на преубаво место“, „Топ модел, права манекенка“, беа само некои од комплиментите што таа ги доби под своите фотографи.

Убавата водителка за прошетка низ градот избра „мал зелен фустан“ од познат дизајнерски бренд и со интересен жолт дезен со кој во преден план го истакна своето занесно тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e