(ФОТО) Конечно објавена фотографија од 4-годишната ќерка на Новак и Јелена Ѓоковиќ

Дали малата Тара Ѓоковиќ ќе продолжи по спортските стапки на тато или повеќе ја интересираат некои други области од животот? Ќерката на Новак Ѓоковиќ сè уште е мала и рано е за да ја одбере идната професија, но ако може да се носат заклучоци според фотографијата што мајка ѝ Јелена ја објавила на Инстаграм, таа би можела да стане балерина.

Новак и Јелена ретко ги гледаме со децата, освен кога навиваат за тато на некои турнири. Сепак, сопругата на славниот тенисер ни откри детаљ од нивното семејно секојдневје, по кој заклучивме дека и Тара има свои интереси како и сите други девојчиња на нејзина возраст. Светлорозов фустан и чевли за танц – сè е спремно за час по балет, а ни покажа и симпатична фризура.

Покрај слатката фотографија, Јелена ги потсети следбениците на важноста за зачувување на мајчиниот јазик, традиција и култура. Периодов семејството се одмора на домашен терен, па ја искористила можноста да ги посети манастирите во Косово со Ана Дивац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e