(ФОТО) Кили стана дедо, бебето доби уникатно име!

Популарниот актер Кирил Поп Христов – Кили, утринава стана дедо. Имено се породи неговата ќерка Јоана која заедно со својот сопруг Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.

Ќерката на Кили од бракот со сопругата Гордана, утринава роди момче кое ќе го носи името Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, односно сопругата на актерот Кили, Гордана Деан Поп-Христова, која инаку е основач на познатото балетско студио „Ребис“.

На социјалните мрежи, сестрата на Јоана која живее во Скопје, Нина Деан напиша:

Добредојде на светот Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам моја сестро“.

А вака изгледа штотуку родениот наследник на Кили.

82ropDv66H-kili-dobi-vnuk-se-porodi-negovata-kerka-joana

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e