Манекенката Катарина Ивановска во друштво на најблиските пријатели вчера го прослави 31. роденден.
Оваа година роденденската торта и ја донесе ќеркичката на Тамара Тодевска, Хана која што заедно со уште неколку другарчиња и испеа „Хепи брдеј“ на манекенката.
Инаку, Катарина во моментов е во шестиот месец од бременоста и наскоро по втор пат ќе се оствари во улогата на мајка, а веќе го има синот Вања кој неодамна наполни две години.