Убавата манекенка е на летување во Италија и оттаму не изненади со фотографија, која го привлече нашето внимание.
Катарина Ивановска покрај тоа што е реализирана како успешен модел во светски рамки, минатата година на свет го донесе Вања и со тоа се реализираше и во улога на мајка.
Сепак, покрај уживањето во убавините на Италија, Ивановска преку хаштаг најави дека наскоро повторно ќе стане мајка.
Бидејќи не се гледа нејзиното стомаче, не би можеле официјално да потврдиме, па оставаме манекенката сама да одлучи дали ќе ја сподели убавата вест со јавноста или тоа ќе го најави понатаму со некоја нова фотографија.
Катарина и нејзиниот сопруг Цобе се заедно цели 11 години, а пред точно една година, на 30.мај, го добија и синчето Вања. Иако обично се мисли дека познатите фаци се разгалени и научени постојано некој да им помага околу децата, ако ја прашате дали некој им помага кога одат на патувања со Вања, нашата Кики остро ќе ви рече: Сосема сме способни сами да се грижиме за своето дете!
– Воопшто не е тешко да се чува дете како Вања. Без проблем јаде, спие, многу е весел и сака да е со луѓе, а најмногу од сѐ сака да се бања. Ние сме опуштени родители и тој ја чувствува нашата енергија која му ја пренесуваме и нему. Постојано се смее, Прооде на 11 месеци и притоа заработи неколку модринки, но сѐ е дел од растењето. Единствен проблем е да му се стави капче на глава, но кога е на сонце, особено на плажа, настојувам да носи па знам да го прелажам и кога ќе се занесе во играњето да му го ставам на главчето, раскажува Ивановска.
Кога се породила, раскажува смеејќи се, си велела: „како е можно да го родам мали Цобе“! Дека многу личел на татко му, постојано слушала од сите наоколу кои веднаш кога ќе го виделе ѝ го кажувале истото, но сега, вели, почнува да наликува на неа… или, смеејќи се таа вели, барем така си се теши.