Во полн ек е летната сезона и летните одмори, но и агендата со музички настапи на македонските и регионални пејачи е пополнета.
Македонското девојче, Каролина Гочева по седумте успешни концерти во Скопје, продолжиува да настапува во останатите градови во Македонија, а нејзините фанови имаат прилика да уживаат и да ги пејат нејзините безвременски хитови.
По краткиот одмор, девојчето се враќа на своите ангажмани, а нејзините фанови ќе имаат прилика да уживаат во нејзиниот прекрасен глас и стас.
Карол наскоро ќе има концерт во Охрид, па тој повод го посети најубавиот македонски град и уживаше во неговата прекрасна природа. Таа најде време да се прошета низ туристичката метропола, а на Инстаграм сподели фотогирафија.
Во кратко фустанче со долги ракави во комбинација со патики, македонското девојче изгледа пеколно згодно,а и уште еднаш покажа дека знае за себе да ја одбере најдобарата комбинација.
Нејзините фанови не се штедеа, па и упатија комплименти за нејзиниот изглед.
„Да, Охрид е рај, но ти си бисерот на Македонија“, „Каролинче ти си пеколот“, „Ти си убава“, „Ти си ангел“, се само некои од коментарите кои беа упатени на Гочева