Познатата пејачка Каролина Гочева на својот Инстаграм профил објави досега невидена фотографија која предизвика бројни реакции и поддршка од нејзините колеги и фанови.
Иако не е многу активна на социјалните мрежи, секоја нејзина нова објавена фотографија следбениците ја проследуваат со внимание.
„Денов, месецов, годинава…“, напиша Каролина покрај својата фотографија, со што во три збора го објасни секојдневието во кое живееме.
Фотографијата собра речиси 5.000 допаѓања и многу позитивни коментари од следбениците, на сметка на нејзината убавина.