Познатата српска пејачка Јелена Карлеуша во интервјуто за познат српски медиум искрено проговори за бракот со фудбалерот Душко Тошиќ, откривајќи детали од нивниот однос.
-Тешко му е да биде со мене, за почеток. На пример, кој било таблоид да отворите или да ја погледнете само насловната страница и ќе прочитате секакви навреди за мене, за неговата жена. И сега, тој како маж, тоа мора некако да помине преку тоа, а некому да не му го скрши носот. Тој е и спортист. Тој вели: ‘Боже, се оженив, добро е што не завршив во затвор’, затоа што тој постојано ми се расправал со некого за мене, и јас постојано морам да го држам под контрола. Ви велам, тешко е. Со мене доживеа голем број неправди, во мојата работа, подеми и падови, и јас во неговата. Затоа нашата љубов е толку силна. Те зближува… Бракот и љубовта не се само убави, туку и тешки мигови што те зближуваат“, открива Јелена.