Атрактивната пејачка која долго најавуваше дека е подготвена да се поднови со нов автомобил сега, со новиот џип им се пофали на фановите на социјалните мрежи.
– Карлеуша седум години вози купе „мерцедес“ GLE 450, кој во 2016 година и го подари сопругот Душко Тошиќ. Изминатата година штедеше пари и сега конечно купи нов модел на џип од омилен производител на автомобили – вели за српски Информер добро упатен извор.
Според истиот извор Карлеуша сакала безбеден автомобил пред се заради ќерките со кои често патува. Овој џип има имобилизатор на моторот, автоматско сопирање, сензор за мртва точка и воздушни перничиња од сите страни, дури и за колената. Дополнителни пари дала и за персонализирана регистарска табличка на која пишувало иницијали „ЈК“. За тоа задоволство платила уште 800 евра.