(ФОТО) Карлеуша го прослави 41-иот роденден – Душко и подари јахта од 800 000 евра

Душкo Тошиќ ја почести својата сопруга Јелена Карлеуша со јахта вредна 800.000 евра како подарок за нејзиниот 41-ви роденден.
Очигледно дека фудбалерот на кинескиот Гвангжуа одлучи да и го прости неверството со Огњен Врањеш и ја почести со скапоцен подарок за 41 роденден. Според извор близок до фудбалерот, а како што пренесуваат српските медиуми Душко долго време размислувал што да и купи. Сакал тоа да биде најгламурозниот подарок и одлучил да и купи јахта. Покрај тоа му се допаднала и идејата неговото семејство да има пловило, со кое можат да крстарат каде и да посакаат, вели изворот.


Нивните ќерки од мали се навикнати заради татко им да патуваат низ светот. Со Јелена и Душко често одат на море, па затоа во една пригода и му кажале на татко им дека би сакале да имаат свој брод со кој би пловеле заедно. На Душко тоа беше доволно за да ја израдува сопругата и децата и да одлучи да го купи овој глисер, додава изворот.
Според него во прашање е модел „“de birs 85rph lx “ кој е долг 26 метри, со четири кабини, три купатила и домашно кино.

View this post on Instagram

🦁🎂

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Ентериерот е од темно дрво и во прашање е една од најдобрите дизајнирани јахти на светот. Во овој момент се наоѓа во Шпанија, а ќе биде испорачан за Црна Гора, вели изворот за Информер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e