(ФОТО) Јелена Томашевиќ повторо докажа дека е дама со стил

Пејачката со ангелски глас Јелена Томашевиќ е дама со препознатлив стил кој никогаш не бил „претеран“ или вулгарен. Меѓутоа, со својата најнова објава таа малку отстапила од вообичаеното, но повторно доби низа пофалби, бидејќи ни овој пат не беше неумерена.

Јелена неодамна гостуваше кај Сања Маринковиќ во емисијата „Магазин ин“ и по тој повод се определила за малку похрабра комбинација. Иако беше закопчана до грло, тулот од кој беше изработена кошулата, откриваше нешто повеќе од вообичаено. Пејачката, таа кошула ја искомбинирала со кожно, црно здолниште со висок струк.

Сепак, она што на многумина им го привлече вниманието не беше деколтето на Јелена, туку кафените чизми со високи потпетици кои во моментов се светски тренд. Според мислењето на многумина Јелена зрачи со стил и умереност, и изгледа како вистинска ѕвезда.

Таа во јули годинава застана рамо до рамо со светски познатиот тенор Андреа Бочели бидејќи беше избрана токму од него да му гостува за време на неговиот концерт во Белград.

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ важат за еден од ретко хармоничните естрадни парови, а Иван не крие колку е горд на нејзините достигнувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e