За добра фотографија, 52-годишната Хелена Кристенсен е спремна да направи речиси сè, а со последната објава се надмина и себеси.
Атрактивната Данкинка се фотографирала како оди по снег, облечена во минијатурно виолетово бикини, по што се спуштила покрај заледена дупка со вода.
Освен неверојатната храброст и издржливост, фотографиите покажуваат дека Хелена и во 52-та година има одлично тело.
На витката фигура можат да ѝ позавидат и двојно помлади девојки, а таа неодамна открила дека за нејзиниот изглед е заслужна големата грижа за телото и редовното вежбање.