(ФОТО) Ѓавазова најавува нов спот заедно со „Балкан Бенд“

„Балкан бенд“ и Сузана Гавазова го снимија спотот за песната „Камикази“. Ова е нивна прва дуетска соработка.

Во спотот има многу убави девојки, јахта, езеро. Забележлива е и трансформацијата на Гавазова, која по кратка пауза повторно се враќа на сцената.

„Спотот се снимаше неколку дена, на повеќе локации низ Македонија, но најинтересните сцени ќе бидат дефинитивно во Охрид бидејќи снимавме сцени кои не само нас, туку и комплетно нашата музичка индустрија ќе ја доближат до она што го работат нашите балкански колеги. Зборуваме за квалитетот на песна и спотот. Се посветивме максимално. Месеци поминаа од почетокот на овој проект“, велат момците од „Балкан бенд“.

Промоцијата на спотот се очекува наското, откако ќе биде финализирано со снимањата на уште неколку сцени.

74bcb941e19e058a47aba0aa3ada7ad9 d3c3c795751972c7590f4bac660ddc3a

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e