Во Њујорк беше одржано доделувањето на модните награди CFDA кои секоја година ги доделува Вечерта на американски модни дизајнери.
Очекувано, црвениот тепих го преплавија бројни познати личности од светот на модата и шоу бизнисот во гламурозни изданија, а одамна не сме виделе волку добри модни комбинации на едно место.
Речиси ниту една славна дама на настанот не пристигнала лошо облечена, а овогодишното доделување на наградите било посебно по многу работи.

За прв пат, доделувањето било одржано во њујоршкиот округ Бруклин и за прв пат настанот го водела Афроамериканка, поточно актерката Иса Реј. Оваа година е доделена и првата награда за највлијателна личност на годината која потполно заслужено ја доби Ким Кардашијан, а имало и многу нови лица кои досега сè уште не сме имале прилика да ги видиме на црвениот тепих на овие награди.
Во продолжение, погледнете ги најдобрите изданија:













