Минатата недела Украина ја избра својата мисица. Маргарита Паша (24) освои награда од 15.000 евра.Таа во Лондон на 14. декември ќе се бори за победа на Избор за Мис на светот.
Штом се дознало дека е нова мисица на Украина, нејзиниот Инстаграм, станал уште попопуларен и ја следат скоро 10.000 луѓе. На сите им паднале во очи нејзините фотографии каде прави јога пози и промовира здрав животен стил.
„Спортот е мојата единствена завиност“, напишала неодамна Маргарита.
Покажала неверојатна флексибилност па на многу фотографии прави шпаги. Освен што е спортски активна, Паша свири и клавир. Минатата година магистрирала менаџмент, а моментално е студентка на Киевскиот институт за меѓународни односи, каде студира меѓународно право.
Најмногу внимание на изборот привлекла со одговорот на прашањето – „Зошто е потребно девојка да има флексибилно тело и ум?
„Во животот првенствено треба да бидете флексибилни“, рекла тогаш Маргарита а за тоа се распишувале и многу странски медиуми.