Пред неколку дена официјално беше отворен Филмскиот фестивал во Сараево, на кој се појавија голем број славни личности, меѓу кои на црвениот килим најголемо внимание привлече Северина, на која друштво и правеше сопругот Игор Којиќ.
Како и секогаш, пејачката буквално доминираше на отворањето на фестивалот и тоа во аутфит и фризура, кои потсетуваат на стилот на Џеки Кенеди.
За оваа пригода, Северина одбра фустан со панделка на средината, која не продолжува на задниот дел, односно е со гол грб. Изгледот го комплетираше со минималистичка чанта во впечатлива зелена боја и сандали на висока потпетица со отворени прсти. Погледнете и оценете сами дали Севе и овој пат одбра оригиналност!