И Балканските звезди поминуваат низ драматичните трансформации. Низ годините бевме сведоци како дел од популарните имиња од регионот буквално се преобразија така да понекогаш е тешко да ги препознаете во споредба со нивниот изглед кога се појавиле на сцената.
Не е тајна дека естрадата на наши простори со години е „навлечена“ на ботокс, силикони, липосукција, мускули, хијалурон и разни други третмани за разубавување. Неретко губат контрола, што подоцна се согледува со одминувањето на времето. Дали е добро или лошо – прашањето е дискутабилно.
Во намерата да бидат посебни, а истовремено да ги ископираат колегите од странство, мноштво естрадни ликови им се обратија на пластичните хирурзи. Други направија радикални интервенции на имиџот, или, пак, едноставно го плаќаат данокот на годините и вишокот килограми. Сега речиси не личат на истите личности.
Ова се дел од балканските ѕвезди кои драстично го променија изгледот:
Северина
Азис
Емина Јаховиќ
Маја Беровиќ
Саша Ковачевиќ
Анастасија Ражнатовиќ