Една од најатрактивните манекенки Ирина Шајк (33) го напушти заедничкиот дом со холивудскиот актер Бредли Купер (44). Иако ниеден од нив не дал официјална изјава , нивните пријатели тврдат дека двојката ќе остане во пријателски односи поради заедничката двегодишна ќерка Леа Де Сеин.
Манекенката се иселила од пет милиони долари вредниот дом на Пацифик Палисајдс во Лос Анџелес. И двајцата го чуваа приватниот живот во тајност , така што не може да се знае причината за распадот на врската. Она што сите го коментираат е како Бредли дозволил таква убавица да си замине.
Ирина е една од најпознатите светски манекенки и е прва Русинка на насловната страница на американскиот магазин Sports Illustrateda , а се најде на насловните и на сите други позначајни списанија.
Егзотичниот изглед го добила од татко и Татарин и мајка и Русинка , така што сите се чудат како Бредли се разделил од неа.
Погледнете ги и уживајте во убавината на Ирина низ следниве нејзини најсексапилни изданија:
View this post on InstagramLaughing with the legend @jpgaultierofficial ..💫 #ComingSoon #BeScandal #JeanPaulGaultier
A post shared by irinashayk (@irinashayk) on