(ФОТО) Фатиме Фетаи како безвременската модна икона Мерлин Монро!

Познатата специјална обвинителка Фатима Фетаи  позираше во издание кое според фризурата и шминката многу потсетува на Мерилин Монро. Имено, Фатиме секако дека има црна коса, но нејзината фризура во комбинација со впечатливиот црвен кармин неодоливо потсетува на филмската дива Мерилин Монро која беше една од најголемите модни икони.

fatime1

Од карактеристичниот изглед на Мерилин Монро досега се имаат инспирирано многу познати дами, а познато е дека холивудската убавица била мајстор за мејк-ап трикови со кои се служела за да го достигне својот статус на симбол на убавината. Еден од нив е тајната за нејзините светкави капаци. Имено, нејзиниот шминкер Вајти Снајдер за овој трик користел една посебна состојка. Тој ќе нанесел малку вазелин или кокосово масло преку сенката, или би ги измешала со сенката, како би направил очите да и дојдат до израз, а користел и лажни трепки кои уште во периодот на стариот, гламурозен Холивуд беа еден од главните аксесоари на дамите.

Покрај ова нејзиниот шминкер сметал дека добро издефинирани веѓи го менуваат личниот идентитет. Нејзините веѓи изгледаат густо и природно, а во комбинација со впечатливиот црвен кармин кој беше нејзиниот заштитен знак, Мерилин во секое нејзино издание изгледаше неодоливо.
Што се однесува до нашата обвинителска „дива“, Фатиме Фетаи, мораме да признаеме дека секоја нејзина фотографија што ќе се појави на социјалните мрежи станува вирална. И тоа токму благодарение на нејзиниот изглед за кој најчесто е „виновна“ феноменалната фризура и шминка.

Тоа се однесува и за ова нејзино шик издание кое неодамна го објави познатата албанска шминкерка Фиторе Б. Бериша, а на која шармантната обвинителка неодоливо потсетува на познатата холивудска дива.

fatime5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e