Култната американска серија „Beverly Hills 90210“, на почетокот на август доаѓа на малите екрани со нови продолженија и оргинална актерска постава!
Снимањето на новото продолжение на култната серија „Beverly Hills 90210“ е во тек, а популарните ТВ близнаци ги развеселиле обожавателите со првата заедничка фотографија после 20 години.
Станува збор за актерите Шенон Доерти и Џејсон Присли кои во серијата ги глумат близнаците Бренда и Брендон Валш.
„И едноставно, близнаците се вратија“, напишала Шенон на Инстаграм и ги воодушевила фановите кои коментирале дека се прекрасни и дека не можат да го дочекаат новото продолжение на серијата со која пораснале.
Да потсетиме, новата епизода на „Beverly Hills“, би требало да започне со емитување во август, а освен Шенон и Џејсон, ќе ги гледаме и останатите од оригиналната постава: Џени Гард, Иан Зиринг, Тони Спелинг, Брајан Остин Грин и Габриел Картерис.