Предрасудите се најголемото проклетство. Поради критиките на кои постојано се изложени, особено денес, во овој суров свет на социјално вмрежување, младите девојки честопати се сомневаат во себе и ги доведуваат во прашање своите идентитети.
Дајте им можност да бидат какви што сакаат, оставете ги конечно да ги покажат сите лица, да имаат право да изберат – тоа се зборовите напишани во есејот за новиот број на „Harper’s Bazaar “ од Емили Ратајковски (28).
Таа покрај текстот, објави фотографија на која позира во долна облека, но со неизбричени пазуви, и објасни зошто.
– За мене лично, отстранувањето влакна е само споменато право на избор … Да, јас во најголем дел се средувам со восок, но се чувствувам секси дури и кога тоа не го правам – вели славната манекенка.