(ФОТО) Елена Велевска го промени бракот, но и фризурата – Еве како изгледа со нов имиџ!

Фолк-пејачката Елена Велевска, откако потврди дека се разведува, го смени и имиџот. Нејзината костенлива коса сега е во бакарна боја. На сликите што ги објави на Фејсбук Елена доби многу комплименти дека изгледа одлично. „Разводот ти годи“, „Кога жената прави големи промени во животот, прво ја менува фризурата“, „Убавино наша, ваква си најубава“, ѝ напишаа во коментарите. Некои дури и ја споредија со популарната хрватска водителка Николина Пишек.

Елена пред извесен период откри дека била жртва на семејно насилство и дека затоа го оставила сопругот Марјан Мирчески. Велевска од бракот со Мирчески има три деца, ќерките Калија и Софија и синот Марко.

Погледнете како изгледа со новата фризура!

41096929_10217902814382213_5730604490290102272_n 41068549_10217902813702196_3692787691117608960_n 41068014_10217902813742197_2280152881376002048_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e