Во секси и модерна гардероба, претежно во црно, македонските пејачки и овој пат не потфрлија со стилот на облекување. Елена Петреска, Наташа Малинкова и Елена Велевска, Андријана Јаневска, Симона Попоска, Игор Узунов, Маријан Стојаноски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска беа само дел изведувачите на „Мел-Фест“. Водителка беше Лила Филиповска.
По фестивалот, односно неговата гала-вечер, имаше изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел-фест“ и забава за пејачите на која пееше Виктор Апостоловски.
Секогаш сексапилната Елена Велевска овој пат одлучи да го покаже идеално затегнатиот стомак. Погледнете ја нејзинината затегната фигура и оценете го стајлинот на фолк дивата.