(ФОТО) Елена Велеска повторно „пали“ – овој пат со оригинален есенски стајлинг снимаше спот!

За крајот на летото, а почетокот на есента Елена Велевска реши својата публика да ја израдува со нова песна и нов видео спот.

Песната е авторско дело на Дејан Момировски и Борче Нечовски, а за видеото атрактивната пејачка го ангажираше еден од најдобрите режисери од соседна Бугарија.

Оние кои ја слушнале песната велат дека ова е позитивно изненадување и песна која е различна од се’ она кое што сме го слушнале од нејзе.

70905325_10220941691312237_8379037356870598656_n

“Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бев во потрага по песна која е квалитетна, поинаква и песна која ќе се слуша. “Зоро моја румена„ е песна која мене ми се допадна на прво слушање и се надевам дека на ист начин ќе и се допадне на публиката. Видео спотот за песната се реализираше на локации во соседна Бугарија, зад режисерската палка задолжен беше еден од најдобрите режисери”, вели Елена.

Промоцијата на спотот ја очекуваме следна недела. IMG_8343

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e