Фолк пејачката Елена Велевска денес полни 38. Дека е роденеденски расположена, таа покажа и со новата слика која ја сподели на Фејсбук, па ги собра комплиментите од своите обожаватели. „
„Годините се само бројки.Не сонувај го животот…Живеј го својот сон!“ – напиша Елена.
Пејачката пред два месеци го привлече вниманието на јавноста , откако потврди дека ќе се разведува со сопругот Марјан. Кратко потоа, таа кажа дека се смириле и дека заради трите деца сакаат да му дадат уште една шанса на бракот.