Елена Ристеска со голема тага се присети на татко ѝ, кој почина пред две години по долго боледување. „Пред две години, на овој ден, ми се смени животот доживотно. Се дели на пред и по тебе. Тој дел „пред“, се вика живот“, напиша поп-ѕвездата.
Нејзиниот татко кој ја загуби битката со ракот, беше нејзина голема подрршка.
„ Најубавите спомени од животот ми се од детството кога фамилијата ми беше целосна и сите ни беа на број. Незаборавни беа сите фамилијарни прослави за Велигден за и Први и втори мај. Цела фамилија се собираше на трпеза кај баба ми и покрај богатата софра, се пееше и се свиреше до раните утрински часови. Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив старите народни песни. Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас. Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа ужасно ми фали тој период од животот. Особено татко ми, откина дел од нашите души. Голема тага ми надоаѓа, и среќата не ни е целосна, па утехата наша е Делфина, внука ми, ни ја ублажува болката, целиот фокус ни е таа“, раскажа Елена во претходно интерву за Женски магазин.