(ФОТО) Џиџи и Бела Хадид позираа целосно голи

Џиџи и Бела Хадид се сестри кои го освоија модниот свет, а и двете го дефинираа денешното манекенство, па практично не постои луксузен дизајнер или бренд со кој не соработувале.

Овој пат и двете учествуваат во новата кампања на Versace, која предизвика различни реакции во јавноста, но едно е сигурно – никого не остави рамнодушен.

За потребите на кампањата, Џиџи и Бела се трансформираа во библискиот лик на Ева, а позираа буквално како од мајка родени.

Двајцата најинтимниот дел од телото го сокрија со чанти од Mini Medusa по цена од 1.530 фунти, додека нивните голи гради ги криеја долги брановидни перики.

Фотографијата е инспирирана од рајската градина, па околу ногата на Бела е обвиткана змија, а сестрите во раката носат јаболко, симбол на првобитниот грев.

„Семејството е секогаш во срцето на сè што правам, па затоа ги сакам Бела и Џиџи. Тие се пример за сила меѓу сестрите и ја споделуваат таа порака со нашето сестринство Versace ширум светот“, изјави Донатела Версаче.


View this post on Instagram

A post shared by Wociety (@wociety_)

„Многу непријатно и чудно“, „Замисли да се сликаш гола со сестра ти вака“, „Навистина е чудно што две сестри се соблекуваат и се сликаат заедно“, „Голи модели… Зарем моделите всушност не треба да носат облека?“, „Никому веќе ништо не му е свето, кога се бара публицитет по секоја цена, дури и се прибегнува кон сексуализација на библиски настан“, „Тоа се егзибиционисти, немаат морал, немаат класа, немаат срам“, се само некои во низата коментари ширум интернетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e