Актерката Џенифер Анистон наполни 52 години и иако ‘на големо’ ја гази шестата деценија, сè уште ја сметаат за една од најубавите жени во Холивуд, ако не и во светот.
Џенифер се фотографирала во огледало, а на Инстаграм ја објавил нејзиниот фризер Крис Мек Милан. Актерката е во минијатурен фустан кој ги открива нејзините извајани нозе и прекрасната фигура.
Она што е фасцинантно е тоа што фотографијата добила околу 30.000 лајкови, а коментарите постојано се нижеле.
„Таа е прекрасна“, напишал еден корисник, а друг додал дека нема поубава на светот.
Многу следбеници ѝ честитале роденден на познатата Рејчел. Да потсетиме, Џенифер Анистон глумеше во мега-популарната серија „Пријатели“, која се емитуваше од 1994-та до 2004-та година.