Холивудската миленичка Џенифер Анистон сe уште е под импресии, па на својот Инстаграм профил објавува фотографии од сетот на снимањето на специјалната епизода „Friends: The Reunion“.
Актерката деновиве објави неколку фотографии зад сцената од собирот на пријателите.
Можеби најсмешна од сите беше реакцијата на поранешниот колега Дејвид Швимер на средбата со пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, кои се појавија во текот на специјалната епизода.
Кога ќе се судрат два сосема различни света – лицето на Швимер кажува се, напишала Анистон.
Актерката исто така објавила и селфи-фотографии на која „Пријателите“ позирале повторно собрани по 17 години.
И понатаму уживам во љубовта со „Пријателите. Ви благодарам на сите, напишала Анистон.