(ФОТО) Душко Тошиќ за прв пат се огласи по разводот

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ по 14 години ставија точка на љубовта.

Јелена на Инстаграм потврди дека се разведени, по што потоа не се огласија.

Јелена е активна на социјалните мрежи, често споделува фотографии од приватниот живот, па нејзините следбеници знаат како таа го поминува времето. Летото ѝ е претежно исполнето со работа, има многу закажани настапи, па е на различни дестинации.
Нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ не е толку активен на социјалните мрежи, па сега првпат се огласи по разводот.

По завршувањето на фудбалската кариера, Тошиќ се занимава со менаџерска работа, сега ужива во Турција, а на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира елегантно облечен. Поранешниот фудбалер секогаш имал вкус за мода. Тој носи темно зелена светлосна кошула во комбинација со карирани сиви панталони и мокасини кои направија голема врева и во женската и во машката мода ова лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e