(ФОТО) Дуа Липа го прослави 27. роденден

Дуа Липа на социјалната мрежа Инстаграм споделила низа роденденски фотографии, а за овој јубилеј одлучила да го покаже своето извајано тело позирајќи во тексас бикини во комбинација со чизми.

Пејачката ја покажала својата сензуална фигура на тело во дводелно бикини кое го носела со соодветно здолниште на врзување.

Британската пејачка изгледала неверојатно во синиот комплет којшто го искомбинирала со „Dior“ чизми на врзување.


Дуа наполни 27 години, а во описот на фотографиите на Инстаграм порачала:

„27 е како во рајот. Им благодарам на сите за роденденските желби“.

Изгледот пејачката го надополнила со модни додатоци – сребрено ланче и пар соодветни мали, прстенести обетки.

Пејачката по потекло од Косово пред неколку дена престојувала во Приштина каде настапувала на „Sunny Hill Festival“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e