За жал неочекувано денеска во скопското село Орешани од струен удар почина еден од доајените на македонската глума, Ванчо Петрушевски. Познатиот Ванчо или Рамче како што милуваше јавноста да го нарече, ќе остане запаметен по многуте улоги во детски серии, играни филмови, тв-серии, а особено по неговите улоги во Македонските народни приказни.
Еден од првите кои ја сподели оваа трагична информација, беше директорот на Драмски театар, Сашко Тасевски преку неговиот приватен профил на Фејсбук.
Инфорамцијата за брзо се прошири по социјалните мрежи, а речиси сите негови колеги се простија со емотивна порака или заедничка фотографија.
Еве дел од нив: