Кумановецот Дарко Петковски -Спејко во 2015 година победи во реалното шоу „Големиот брат“ и ја однесе наградата од 100 000 евра.
Сега, четири години подоцна, Спејко повторно се реши на истиот чекор, а карантинот во кој со останатите учесници ќе биде затворен 12 месеци, е популарното регионално ријалити шоу „Задруга 3“.
Пред неколку месеци, уште додека беше во врска со струмичката блогерка Љупка Митрова, кажаа дека заедно би влегле за 100 илјади евра, но љубовната романса пропадна, а плановите останаа само за Дарко.
За месец септември се најавува и новата сезона на „Задруга 3“, а по доста шпекулации, Спејко пред камерата на естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“ го потврди учеството.
Фото: Дарио Јанковиќ