Дарко Лазиќ доби син во вонбрачна заедница со Марина Гагиќ.
Новопечената мама на Инстаграм ја објави првата фотографија од нивниот наследник. Таа на фотографијата му го сокри лицето на бебето, но затоа можеме да видиме дека ужива во минијатурната колевка.
„Нашето прво фотографирање“, напиша Гагиќ под симпатичната фотографија што ја објави на Инстаграм во нејзиното „стори“.
Пејачот се уште се нема појавено во јавност со својот наследник, ниту пак објавил заедничка фотографија со него.
Но затоа објави фотографија од Марина со бебето…